Груевски: Да се спроведе меѓупартискиот договор

Добро е што вчера се дојде до договор меѓу политичките партии. Тоа пред се е добро за државата за што е можно побрзо да има избори и да се стави крај на политичката криза во Република Македонија предизвикана од опозицијата, оцени денеска во Прилеп лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Тој рече дека се надева оти овојпат опозицијата нема да бара повторно алиби за нови одлагања или бојкотирања на изборите.

- Знаеме дека СДСМ има богата историја на одбегнување избори и на барање алиби за бојкотирање избори. Затоа е многу важно вчерашниот договор да се спроведе и да се имплементира за да немаме повторно обиди на опозицијата во фаза на имплементација да одбегне нешто или да пролонгира. Се надевам дека овојпат ќе изиграат чесно и дека навремено ќе се спроведе се што е договорено за да може оваа година да се одржат избори и да му се даде можност на народот да си го каже своето мислење, рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање.

Сега е време народот, потенцира тој, да се изјасни чија политика и која гарнитура ја поддржува. 

- Сега е време да се даде повторно можност на народот да каже која политика ја поддржува и кој начин на работење го поддржува, односно која политичка партија ја поддржува и која политичка гарнитура. Не слушнаа нас, не видоа нас, ги слушнаа нив, ги имаат добро видено и нив, така што време е да се даде можност народот да одбере по завршување на политичката криза како Македонија да се движи во наредните четири години, потенцира Груевски.

 
 
21.07.2016 - 15:54
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега