Избирачкиот список од сега ќе има и фотографија од гласачите

На избирачкиот список за следните избори, кога и да се одржат, покрај имињата на гласачите ќе стои и фотографија идентична со фотографиите од личните карти што се во базата на податоци на Министерството за внатрешни работи. Ова се податоците на порталот САКАМДАКАЖАМ добиени од ДИК.

Министерството за внатрешни работи веќе и ја испратило на Државната изборна комисија целата база со фотографии на граѓаните од личните карти, а Апликацијата со фотографии ќе биде достапна на денот на изборите, никако претходно.

На денот на изборите ќе се врши проверка на фотографиите со цел да се спречат обидите да се гласа со туѓа лична карта. Право на глас ќе имаат само оние гласачи за кои во проверките ќе се утврди дека личната карта е нивна.

Тој што биде фатен преку фотографијата дека гласа со друга лична карта, веднаш ќе биде пријавен пред надлежните органи, пренесува порталот.

Фотографии ќе има на главниот Избирачки список, но и на таканеречениот потсписок, кој го договорија четирите партии вчера. Станува збор за 176.000 македонски државјани чие право на глас не е спорно, но се смета дека не се во државата.

 
 
21.07.2016 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега