Подгответе се за пеколни температури

 

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 29 до 36  степени.

Во Скопје слично време, сончево и топло со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 35 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

До недела ќе се задржи претежно сончево време со пораст на температура, а особено топло ќе биде за време на викендот. Во недела кон крајот на денот ќе има услови за краткотраен дожд и појава на грмежи.

Во почетокот на наредната седмица на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во опаѓање. 

 
 
21.07.2016 - 17:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега