Тодоров: И во време на политичка криза, квалитетните политики на Владата донесоа нови инвестиции

 

Од оваа криза која трае речиси 2 годни, најмногу изгубија граѓаните и државата. Ништо не се доби од двојното одложување на изборите и од продолжувањето на кризата, смета министерот Никола Тодоров, кој денеска гостуваше во Отвореното студио на ТВ Нова.

-Македонија оваа криза ја чинеше многу од секој аспект. Да не заборавиме со какви се не алатки се служеа СДСМ целиот период. Има многу предизвици на дневна основа и да не заборавиме дека се креваше паника со повлекување на средства од банките. Тоа не чинеше милини. Се имаше за цел да се сруши целиот економски систем и не може некој да ми каже дека тоа не беше смислено и дека не беше сценарио, вели Тодоров.

Македонија ја чинеа многу и уништувањето на објекти и споменици, страдаа мали и големи бизниси, се предомислуваа инвеститори.

-За среќа имаме поставено сериозно добар финансиски систем кој ни овозможи на период на силна политичка криза да имаме инвеститори и тие да доаѓаат и да продолжат да доаѓаат и инвестираат. Поради добрите стабилни политики,бизнис климата ,успеавме и во услови на политичка криза да се отвораат нови работни места, ако не беше кризата бројката ќе беше поголема, повеќе нови работи места, повеќе инвеститори, вели Тодоров и додава дека токму затоа бараат што поскоро да се заврши кризата.

 
 
21.07.2016 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега