Супер вест: Постојаната парична помош зголемена за пет проценти

Околу 6.000 граѓани со потешка инвалидност, материјално необезбедени и работонеспособни почнаа да добиваат постојана парична помош повисока за пет проценти. Во последните 10 години овој вид помош во просек е зголемен за 68,5 процентии.

- Како што најавивме претходно, во текот на вчерашниот ден беше исплатена постојаната парична помош зголемена за пет проценти. Оваа постојана парична помош е наменета за материјално необезбедените и неспособни граѓани кои се со потешка инвалидност. Околу 6.000 граѓани ќе добијат зголемена постојана парична помош. За реализација на ова ветување на Владата, односно за зголемувањето се издвојуваат дополнителни 17 милиони денари, рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов одговарајќи на новинарско прашање при вршењето увид на градежните активности за зиградба на детска градинка во Горно Лисиче.

Постојаната парична помош, иформира Спасов, во изминатите години е зголемена за 68,5 проценти.

- Така од околу 3.000 денари колку што изнесуваше постојаната парична помош во 2006 година денес таа во просек изнесува околу 6.200 денари. Ова е значајно зголемување за оние категории граѓани што се наоѓаат во социјален ризик, рече министерот Спасов. 

 
 
22.07.2016 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега