Демант од МТСП
Министерството за труд и социјална политика реагира во врска со објавениот текст под грубо нападниот наслов на порталот Слободна Македонија. Имено, порталот не ја пренeсува целосно изјавата на министерот за труд и социјална политика дадена во врска со зголемувањето на постојаната парична помош и со тоа свесно ја доведувате изјавата во контекст кој однапред сте го замислиле, реагираат од Министерството.
во продолжение интегрален текст од демантот на МТСП
Кога се говори за зголемување на постојаната парична помош секогаш се пресметува процентот на зголемување на постојаната парична помош во просек и тоа се однесува и на социјалната и постојаната парична помош и тоа секогаш се напоменува во дадени изјави и одговори од официјални лица во министерството за труд и социјална политика.
Просечната парична помош во 2006 изнесуваше 3695 денари а во 2016 со зголемувањето од 5% изнесува 6228 денари или зголемувањето е 68,5%.
Министерството за труд и социјална политика превзема проекти за помош на социјално ранливите категории како зголемување на паричните помошти (социјалната парична помош, постојаната парична помош, право на помош и нега од друго лице), спроведе отпис на долгови за социјално ранливите категории, воведовме нови права за лица со инвалидност, го зголемивме паричниот надоместок за згрижување на деца без родители и родителска грижа, реализираме низа мерки за вработување на лицата во социјален ризик.
Очигледно во објавениот текст селективно ги објавувате податоците и тенденциозно ги извртувате фактите со цел да се наштети угледот на министерот за труд и социјална политика.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа