ФОТО: Македонка можеби е меѓу настраданите во Минхен

Косовските медиуми објавуваат дека девојка од Гостивар со име Армела можеби е меѓу настраданите во терористичкиот напад во Минхен, пренесува Курир.мк

-Мојата ќерка беше во продавница во трговскиот центар. Од моментот на нападот, нејзиниот телефон е исклучен. Син ми отиде да ја бара во болница, изјавила мајката на Армела за Газета Експрес, Назмие Сегаши.

За состојбата на девојката се уште не се знае ништо. Германската полиција изјави дека имињата на загинатите нема да се објават додека не бидат информирани нивните семејства.

Косовската амбасадорка во САД Фљора Читаку на својот твитер профил ноќеска по полноќ објави дека меѓу жртвите е и Албанец од Македонија.

 

 

 
 
23.07.2016 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега