Инцидент во македонски ресторан

Две момчиња, А.Ш. и Р.З. од Куманово, ноќеска биле физички нападнати од пет лица додека седеле во ресторан на плоштадот „Маршал Тито“.

Како што соопшти полицијата, немилиот настан се случил во 2:30 часот по полноќ кога А.Н., А.Н., С.Н., А.Н. и Б.Н. дошле и почнале да ги удираат,  А.Ш. со безбол палки по глава и тело, а Р.З. со тупаници, по што побегнале.

На повредените им била укажана лекарска помош во Општа болница Куманово, каде се задржани на лекување.

СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
24.07.2016 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега