Хорор во Македонија: Го нашле мртов со куршум во главата - силувани две деца

И овој викенд во Македонија е исполнет со безброј несреќи и трагедии. 

Хорор ја потресе Македонија во петокот кога околу 20 часот и 15 минути на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај месноста „Сеферов Бунар“, полициски службеници забележале паркирано возило „Шкода Фелиција“ со охридски регистарски ознаки, а до возилото бил пронајден починат 63-годишниот М.З.од селото Трапчин Дол.

Според податоците од полицијата, несреќниот маж имал прострелна рана во пределот на главата нанаесена од огнено оружје. Покрај истиот бил пронајден и пиштол.

Уште еден ужас ја потресе Македонија, маж извршил полови Идејствија врз малолетно девојче од Прилеп. 

Во саботата 37-годишната Ј.Т. заедно со нејзината петнаесетгодишна ќерка, пријавила дека летото 2012 година Б.Т. од селото Заполжани, братучед на нејзиниот сопруг, во период од две недели, во повеќе наврати, извршил полови напади врз нејзината ќерка, која тогаш имала 11 години. Според мајката на девојчето, во периодот додека таа и нејзиниот сопруг Т.Т. биле да берат тутун, неговиот братучед Б.Т. влегувал во нивната семејна куќа во собата каде што спиеле нивните деца, извршувал полови дејствија врз нивната малолетна ќерка. Тоа се случувало во период од две недели.

Во саботата беше силувана и млада скопјанка. Како што информираат од полицијата,  се работи за 10-годишно девојче кое додека возело велосипед по булеварот „Иво Лола Рибар“ и улицата „Анкарска“, до него застанало непознато машко лице, кое се движело пеш, на возраст од околу 40 години. Девојчето му побарало 20 денари. Монструмот и рекол дека ќе и даде , но дека треба да појде со него до блиската гаража, на што истата се согласила. Наместо 20  сторителот и дал 500 денари и ја однел во гаражата каде го извршил половиот напад, по што заминал и и рекол да не кажува никому. 

Исто така, мртов маж бил пронајден вчера околу 17 часот во својот дом на улицата   „Браќа Миладинови“ во Битола. Станува збор за 53-годишниот Б.Д  од Битола, на телото не се пронајдени никакви траги од насилство, соопштуваат од полицијата. 

 

 
 
25.07.2016 - 08:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега