Убиецот на младото момче од Чаир доби 9 години затвор - соучесникот шест месеци

20-годишниот Н.Д. од Скопје кој учествуваше во тепачката во која беше убиен 19-годишниот Лаерт Адеми во јануари во скопски Чаир, е осуден на шест месеци затвор, додека 17-годишниот Е.С. кој го избоде момчето со нож доби девет години казна затвор, пишува Дневник.

Убиството се случи на 3 јануари годинава во близина на ресторанот Бизнис, на улицата Ресенска. Леарт се враќал од тренинг кога го пресретнал малолетникот кој започнал расправија и веднаш извадил нож. Баналната расправија почнала со "што ме гледаш така", а заврши кобно.

Леарт беше прободен во стомакот и во градите.

 

 
 
25.07.2016 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега