Гостиварчанец превезувал мигранти од Пакистан во своето возило

Синоќа по полноќ на стариот пат Демир Капија-Скопје во возило марка „Форд Транзит“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од страна на 49-годишниот Џ.А. од Гостивар, откриени се двајца пакистански државјани.

Во возилото имало повеќе лица, но успеале да избегаат на полицијата.

Гостиварчанецот си заработи мерка притвор во траење од триесет дена.