Три лица исчезнаа во ист ден - македонската полција на нозе

Во Велушина, Битола, вчера било пријавено дека околу 09  часот од дома во непознат правец се оддалечила 27-годишната Р.А. Се преземаат мерки за пронаоѓање на девојката.

Исто така, полицијата вчера добила пријава и дека исчезнал 19-годишниот Ј.С. од Скопје. Неговиот татко Т.С. пријавил дека од неговиот син нема ниту трага ниту глас.

Во 11 часот 41-годишниот И.Б. од Тетово пријавил дека претходниот ден околу 22  часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот син. Се работи за 21-годишниот В.Б. по кој полицијата трага.

 
 
25.07.2016 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега