Полицијата го фати: Кавадарчанец натоварил мигранти па избегал

Во текот на вчерашниот ден во 09 часот и 10 минути на локалниот пат Кавадарци – Конопиште полициски службеници,  во возило „Рено Еспејс“ со скопски регистарски ознаки , пронашле 12 илегални мигранти од Сирија од кои четири возрасни  и осум малолетни деца. Истите се приведени, а од нив шест мигранти  ќе бидат задржани во Прифатниот центар за странци, а останатите ќе бидат вратени назад во Грција.  

Возачот, откако не застанал на даден знак, продолжил со движење и по кратко време застанал, го оставил возилото и успеал да побегне. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на возилото.

 
 
25.07.2016 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега