Завршен настан за ЕУ проектот за новите ИПАРД мерки
Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе се одржи завршниот настан за ЕУ проектот „Запознавање со новите ИПАРД мерки (Лидер и советодавни сервиси)“.
Проектот се спроведуваше 18 месеци, со 908.750 евра поддршка од Европската Унија, а клучната цел беше ефикасно менаџирање и имплементирање на ИПАРД 2 Програмата, како и подготовка на земјата - корисник за спроведување на лидер и советодавните сервиси.
Во рамки на проектот се реализираа и акитивности за институционално јакнење на Платежната и на Агенцијата за поддршка на руралниот развој.
Мерката ИПАРД Лидер поддржува поактивно учество на засегнатите страни во развојот на руралните средини и поуспешен пристап на фармерите до ЕУ фондовите.
На настанот ќе присуствуваат министерот за земјоделство Михаил Цветков, раководителот на економската секција при Делагацијата на ЕУ Јаромир Левичек, како и пороект - директорот Јачек Невјадонски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа