11 несреќи за едно деноноќие во Скопје

 

Во Скопје и околината вчера се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди, од кои седум се со последици материјална штета, три се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле четири лица.

Се случила и една незгода, во која со тешки телесни повреди се здобиле две лица.

Самостојниот инспектор од СВР-Скопје Драган Вељаноски за МИА информира дека во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци. Откриени и санкционирани се 6 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи ги управувале своите возила под дејство на алкохол, пет возачи поминале на црвено светло на семафорите, додека  18 возачи за време на управување на моторните возила, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, а 33 непрописно паркирани возила и 16 пешаци сториле прекршоци по разни основи.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 61 возило.

Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во детската Градинка „Срничка “ објект „Бамби“ истиот се наоѓаат на подрачјето на општина Аеродром.

 
 
27.07.2016 - 08:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега