Страшна сообраќајка го потресе Скопје

Во 22 часот и 30 минути во Скопје, на улицата „2-ра Македонска бригада“, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Фиат Пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот У.И. и моторцикл „Хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од 18-годишниот Д.П. на кој сопатник му бил седумнаесетгодишник, двајцата од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот на моторциклот. Истите биле пренесени во Клинички центар Скопје, каде се задржани на понатамошно лекување и се надвор од животна опасност.

Увид извршила екипа на полицијата.

 
 
27.07.2016 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега