Страотна несреќа во Кисела Вода: Младо момче се бори за живот

Четириесетина минути по полноќ на булеварот „Борис Трајковски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило  „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот М.Д. од Скопје и моторцикл Хонда ЦБР без регистарски ознаки,  управуван од 22-годишниот С.А. од Скопје.

Според податоците од полицијата, во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на моторциклот, кој со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Градска општа болница „Наум Охридски“.

Истиот е неконтактибилен и се наоѓа во животна опасност.

Увид извршила екипа на полицијата.

 
 
27.07.2016 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега