Три лица во Ургентен по сообраќајка во Лисиче

Три лица се пренесени во Ургентниот центар по сообраќајната несреќа која денес се случи во Лисиче.

Во несреќата учествувале автомобил „Ауди“ управуван од Е.Т. и „Киа“ која ја управувала скопјанката Б.С. по ударот автомобило „Киа“ се превретел странично.

Од полицијата информираат дека двајцата возачи и еден сопатник од Аудито биле пренесени во Ургентниот центар, но нема детали за карактерот на повредите.

Полицијата на местото на несреќата извршила увид.

ФОТО: ТВ НОВА

 
 
27.07.2016 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега