Нема крај на несреќите: Десет лица тешко повредени во Скопје

Во Скопје во текот на вчерашниот ден извршен е увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди, во кои со повреди се здобиле 10 лица.

Се случиле и седум незгоди со последици материјална штета,

Самостојниот  инспектор во СВР-Скопје Драган Вељаноски информира дека вчера се откриени и санкционирани поголем број на прекршоци. Од нив, ги издвои, 22 возачи кои со возилата се движеле со брзина поголема од дозволената, осум осум возачи кои ги управувале своите возила без возачка дозвола односно нерегистрирани, а седум возачи за време на управување на моторните возила, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Дванаесет пешаци сториле прекршоци по разни основи.
Санкционирани се пет возач на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл кои не го носеле заштитниот шлем на главата за време на возењето на патот, како и 52 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден отстранети се 81 возило.

Денеска Одделението за превенција при СВР Скопје во рамки на своите превентивни активности ќе реализира сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот во својство на пешаци, кои направиле прекршоци по разни основи.

Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ денеска ќе реализираме едукативни работилници во Детската Градинка „Срничка“ објект „Изворче“ истиот се наоѓаат на подрачјето на општина Аеродром.

Денеска до почеток во 20:00 часот на Националната арена „Филип Втори” во рамки на Лига Европа ќе се одигра меѓународен фудбалски натпревар помеѓу ФК Шкендија и ФК Млада Болеслав. 

За време на одржување на овој вонреден настан а со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, од наша страна ќе бидат превземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, физичка регулација, а во зависност од моменталните состојби и пренасочување на сообраќајот.

 
 
28.07.2016 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега