Мртов маж лежи во Градскиот Парк во Скопје

Мртов маж утринава е пронајден кај автобуската постојка кај Фонтаната во Градскиот Парк во Скопје.

Според податоците од полицијата, се работи за маж на возраст од 69 години, а засега не се познати повеќе детали околу тоа како настапила смртта.

Најверојатно, според неофицијални податоци, тој починал од природна смрт.

Одговорите ќе ги даде увидот кој моментално го врши полицијата.

 
 
28.07.2016 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега