Пронајдениот труп можеби е почеток на решавањето на мистеријата - каде се таткото и синот?

Армиските ренџери и полициските тигри вчера при претрагата на планината Бистра каде исчезнаа татко и син, пронајдоа труп во фаза на распаѓање. Засега не се знае дали трупот припаѓа на 78-годишниот татко Љубомир или неговиот 50-годишен син Сашо, од кои нема ни трага ни глас со денови. Ттакото и синот буквално како да пропаднаа во земја, и покрај интензивната претрага во која учествуваат соседи, роднини, полицијата и кучиња, сепак повеќе од десетина дена нема трага од нив. 

Како што пишува Дневник, командирот на полициската станица во Ростуше, Рефик Пајковски, Изјавил дека неделава се барало и на сонце и на невреме, се барало во секое место и секоја дупка, но засега нема пронајдено ништо. Откривањето на трупот вчера, за жал би можело да биде почеток на раззешување на мистеријата која отвори безброј прашања со себе.

- Нема успех од претрагата, но не застануваме. Баравме во секакви услови и ќе продолжиме и понатаму да бараме, вели командирот за Дневник.

Тој додава дека се работи теренски и се пребарува буквално секоја педа. 

Инаку, таткото и синот од својата викендица во Лазарополе, отишле да прошетаат, а при тоа се загубиле и им се испразнил телефонот поради што не можат да бидат лоцирани. Тие биле физички активни и го познавале теренот, па затоа е чудно како нема трага од нив со денови.

 
 
28.07.2016 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега