Весна Петрушевска ќе го објави педофилот со фотографија, име и презиме

Мојата Мина е најхраброто дете на овој свет, последниве пет дена ми покажа како се соопштува вистината, како да се соочи со најголемото зло што може да му се случи на едно дете, да ги издржи сите предизвици,да ми откине парче од моето срце полно со очај, чемер, бес, лудило и на крај да ми соопшти:Јас ова го кажав за да не им се случува на другите дечиња ,не сум виновна нели мамо?...

Ова е статусот на Весна Петрушевска која емотивно се разголе и кажа низ каква голгота поминува со ќеркичката која била мета на педофил. Весна која е бесна на она што се случило бара смртна казна за педофилите и ветува дека откако монструмот кој веќе доби 30 дена притвор ќе си ја добие заслужената казна, лично ќе го објави со фотографија, име и презиме.

Според податоците од полицијата, додека 11-годишното девојче возело велосипед по булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улица „Анкарска“, застанало до едно непознато машко лице, кое се движело пеш, на возраст од околу 40 години, и му побарало 20 денари. Сторителот ѝ рекол дека ќе ѝ даде, но дека треба да појде со него до блиската гаража, на што таа се согласила. Наместо 20 сторителот и дал 500 денари и ја однел во гаражата каде го извршил половиот напад, по што заминал и и рекол да не кажува никому.

 
 
28.07.2016 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега