Ја земал секирата и упаднал кај градоначалникот - инцидент во Свети Николе

Вчера  околу 10.00 часот во Свети Николе, во зградата на Општина Свети Николе, 47-годишниот Т.Ј. од Свети Николе влегол внатре со секира и откако бил спречен, од страна на обезбедувањето, да влезе кај градоначалникот, отишол кај секретарката и ја навредувал со погрдни зборови. По ова, излегол во ходникот, удирал со секирата по стаклото и радијаторот,а се заканувал на раководителот на обезбедувањето. Во тој момент еден од вработените успеал да му ја земе секирата. Т.Ј. е приведен во полициска станица и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
28.07.2016 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега