Тешка сообраќајка ја потресе Македонија, има мртви и повредени

Тешка сообраќајка се случила вчера во  10.40 часот на регионалниот пат кај раскрсницата  Дојранска во Валандово, помеѓу товарно моторно возило „Мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 53-годишниот Л.П.  од село Куклиш и патничко моторно возило „Застава 128“ управувано од 80-годишниот Т.Г.

-  Во незгодата со повреди се здобиле возачот на возилото Т.Г. и сопатникот Р.Г., по што биле пренесени во Медицински центар Струмица, каде Т.Г.  им подлегнал на повредите. На Р.Г. и била укажана лекарска помош и е задржана на понатамошно лекување, соопштуваат од МВР

Полицијата излегла на местото на несреќата. 

 

 
 
28.07.2016 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега