Свадбата се претвори во трагедија - детали за кобната несреќа во Велес

Едногодишно детенце од Германија вчера го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случи на регионалниот пат Велес – Скопје, во близина на Езеро Младост.

Како што вчера беше објавено такси возило управувано од 42 годишниот Ј.Р. од Велес го прегазило детето. Детето излегло од таксито, а возачот не забележал дека стои пред него, го стартувал автомобилот и го прегазил. Родителите и детенцето требале да присуствуваат на свадбена веселба била закажана во мотелот „На Велешко“.

Во незгодата детето се здобило со повреди на главата и со возило на Итна медицинска помош Велес било пренесен во Општа болница Велес, каде од страна на доктор била констатирана смрт.

По наредба на Јавен обвинител над телото на починатото дете денес ќе се врши обдукција во институтот за судска медицина во Скопје. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.

По наредба на Јавен обвинител, возилото е однесено на технички преглед во АМСМ Велес.

 

 
 
28.07.2016 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега