Приказната за таткото и синот добива трагичен крај - обдукцијата ќе даде одговори

Првичните сознанија по пронаоѓањето на трупот во фаза на распаѓање на Бистра, покажуваат дека припаѓа на таткото или синот кои се исчезнати со денови. Како што информираат од Основното обвинителство, најверојатно телото е на еден од исчезнатите членови на семејството.

-Основното јавно обвинителство – Гостивар издаде Наредба за обдукција на машки труп во распаѓање, пронајден во месноста викана Кош во непристапниот терен кој води од Лазарополе кон Гари. Обдукцијата ќе се врши на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија во Скопје. Сепак, обдукцијата треба да го утврди точниот идентитет на жртвата и причините за смртта, се вели во соопштението од ОЈО.

 
 
28.07.2016 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега