Лекарите дале се од себе - сведоци со потресна исповед за смртта на едногодишното дете

Одењето на свадба се претвори во трагедија која не само што го зави во црно семејството на едногодишниот Хусеин, туку ја зави во црно и цела македонска јавност. Малото момченце беше прегазено од такси само неколку минути пред да влезе на свадба со родителите, кај езерото Младост. Возачот не забележал дека детето истрчало, па го прегазил и за жал му немало спас.

Како што пишува Дневник за трагедијата, целата свадбена веселба била откажана, а звуците на музиката биле заменити со тага и болка. Детенцето чии родители се родум од Македонија, било родено во Германија, а требало со родителите да присуствува на свадба во петокот, кога такси-возач налетал на него и го удрил во главата. Глетката била ужасна.

- Малото излезе од таксито, па истрча пред возилото и шоферот не го виде, па удри во него. Детето падна пред браникот. Свадбата се откажа, атмосферата беше мрачна, вели сведок за Дневник.

Детето веднаш со возило на Брза помош било однесено во болница, лекарите дале се од себе да го реанимираат, но повредите биле фатални. 

Над телото на детенцето ќе се врши обдукција. Ова е огромна трагедија.

 
 
29.07.2016 - 08:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега