Починал на лице место: Детали за страотната несреќа во Гостивар

Триесет и едногодишен гостиварец го загубил животот, во сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и мотоцикл. Несреќата била регистрирана утрово околу 2 часот и 30  минути на улицата „Братство-Единство“ во Гостивар.

Според првичните информации, автомобил „фолскваген-голф“ најверојатно управуван од 16-годишник од селото Мало Турчане удрил во мотоцикл на кој освен починатиот возач било и уште едно 16 годишно момче, кое поминало без посериозни повреди. Од ударот мотоциклистот М.Б. се здобил со тешки телесни повреди и починал на лице место.

Во „голфот“ покрај малолетникот биле и тројца сопатници кои непосредно по сообраќајката биле повикани на разговор во полициска станица.

Надлежниот јавен обвинител издал наредба за обдукција на телото на починатиот, а при тоа ќе бидат направени и анализи на крв и урина на сите учесници во сообраќајната несреќа.

Од Обинителството информираат дека надлежниот јавен обвинител наредил да бидат земени ДНК профили на сите учесници во сообраќајната несреќа, кои ќе бидат споредени со трагите пронајдени на лице место.

Во полошкиот регион од почетокот на годинава, полицијата открила на 1.300  случаи на лица кои управувале без возачка дозвола или нерегистрирано возило. 

 
 
29.07.2016 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега