Семејството во неизвесност: Момчето од сообраќајката кај Рампа во кома

Нема промена во состојбата на момчето кое додека управуваше мотор доживеа сообраќајка во скопската населба Кисела Вода. Како што информира НОВА, од болницата „Св. Наум Охридски“ велат дека момчето е сеуште во кома и дека лекарите даваат се од себе. Момчето може да остане во оваа состојба десетина дена.

-Уште е тешко да се каже било што, бидејќи нема промена во состојбата. Момчето се соочува со повреди кои може да бидат фатални, но бидејќи се работи за млад организам се надеваме и вложуваме напори да ја надмине состојбата, вели за НОВА директорката на болницата Јасмина Чабуковска.

Инаку, сообраќајката се случи завчера кај Рампа во Кисела Вода, кога се судрија моторциклот и автомобил БМВ.

 

 
 
29.07.2016 - 12:10
Фото: 
НОВА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега