„Полицијата и граѓаните заедно“ во Кочани

 

Полициската станица од Кочани во соработка со Здружението на пензионери на Кочани од денеска ги започна серијата предавања  кои се однесуваат на тоа како да се заштитат од крадци и други измами, како и од семејно насилство луѓето од третата  доба.

- Целта на овие тематски предавања со пензионерите се зачестените измами со пари, накит и дрва. Зголемениот број измами, кражби на подрачјето на СВР Штип, Полициска станица Кочани  за време на летниот период ја алармираше потребата од едукација на пензионерите од општините Кочани, Зрновци и Чешиново Облешево, како да се заштитат од ваквите појави, изјави Момчило Хаџи Паунов, помошник командир во Полициската станица Кочани.

- Вакви работилници чија цел е подигање на свеста кај повозрасните да не прифаќаат лесно понуди од страна на непознати луѓе е повеќе од корисна за пензионерите. Покрај средбата во Кочани вакви тематски предавања ќе организираме и со пензионерите од општините Зрновци и Чешиново Облешево, изјави Горги Серафимов, претседател на ЗП од Кочани.

Исто така голем е бројот на случаи кога повозрасните лица се и физички нападнати од страна на блиски роднини. Тематските средби со пензионерите се дел од проектот „Полицијата и граѓаните заедно“.

 
 
29.07.2016 - 12:26
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега