Судењето за хоророт во Диво Насеље ќе паузира до септември

Судскиот процес кој се вози за хоророт кој во мај минатата година се одвиваше во Дивата населба во Куманово, ќе продолжи дури од септември. Судскиот процес за настаните на 9 и 10 мај во Диво Насеље продолжуваат на 6 септември, а и следното рочиште како и неколкуте последни ќе биде затворено и далеку од очите на јавноста, објавува Мета.

Од судот велат дека паузата е по договор меѓу адвокатите на одбраната и судечкиот совет, односно меѓу странките во постапката, и дека едномесечниот период нема да го наруши континуитетот на судењето. 

За потсетување, им се суди на 29  лица. Целиот процес од јуни почна одново откако обвинителството со овој случај го спои и предметот „Молња“, во кој осум лица се обвинети дека обезбедувале логистичка поддршка за кумановската група.

Во настаните во Куманово животите ги загубија осум припадници на специјалните полициски единици, а 37 беа ранети.

Во борбите со полицијата беа убиени 10 членови на вооружената група.

 

 
 
29.07.2016 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега