Каменуван автобус во Ѓорче

Триесетина минути по полноќ во полцијата во Ѓорче Петров, 47-годишниот Т.С. од Скопје  пријавил дека во 23 часот, додека се движел со Автобус „Јутонг“ на ЈСП-Скопје, на релација Автокоманда-Сарај, на улицата „Борис Сарафов“ непознат сторител го каменувал автобусот.

Насилникот со фрлање на камења искршил повеќе стакла од автобусот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 
 
29.07.2016 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега