Дел од Скопје останува без вода утре

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека во недела од 9 часот без вода ќе бидат дел од корисниците во населбата Автокоманда, општина Гази Баба.

Прекинот во водоснабдувањето ќе биде поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф – 700 мм на ул. „16 Македонска Бригада“ во населбата Автокоманда.

 
 
29.07.2016 - 18:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега