Пронајдениот труп е на таткото - Тигрите и ренџерите пронајдоа уште еден леш

Армиските ренџери и полициските тигри по неколкудневна претрага, вчера пронајдоа уште едно безживотно тело на падините на планината Бистра. Откако беше пронајден труп во фаза на распаѓање за кој се утврди дека е на исчезнатиот татко Љубомир од кој десетина дена немаше ни трага ни глас, сега полицајците пронашле уште еден труп, а според информациите на Дневник телото најверојатно е на исчезнатиот син, 50-годишниот Сашо.

Двајцата се загубија пред повеќе од две недели кога отишле на прошетка на планината во близина на својата викендица. 

- За сега е потврдено дека таткото не бил убиен. Според обдукцијата, тој починал од ударите со кои се здобил кога паднал во стрмниот дом на висина од десетина метри, велат од Институтот за Судска медицина, за Дневник. Идентитетот на починатиот бил утврден преку облеката и забалото.

Драмата која ја потресе Македонија за жал доби трагечен крај.

 

 
 
30.07.2016 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега