Се судрија Матиз и мотор во Битолско - едно лице загина

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера вечерта во битолското село Ношпал. Како што дознава Press24 несреќата се случила околу 20 часот кога се судриле автомобил марка Даеву Матиз и моторцикл. На лице место починал 36 годишниот Г.Р. од село Ерековци кој бил сопатник на моторот.
Од полицијата ги потврдуваат информациите. 

29.07.2013 - 01:16

најчитано сега