Тешка судбина за скопјанец: Преку ноќ изгуби 22.000 евра

Непознат сторител вчера околу пладне извршил кражба во стан во Скопје, на улицата „Борка Талевски“, сопственост на 71-годишниот К.Е. 

Како што соопшти МВР, кражбата била извршена во периодот од 11:15 до 12:45 часот кога крадецот со подесен клуч ја отворил влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел 14.500 евра, женска чанта во која имало пари (евра и денари) во вкупна вредност од околу 420.000 денари и накит. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот. 

 
 
30.07.2016 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега