Седници на две собраниски комисии

Денеска во македонското Собрание седници ќе одржат Комисијата за финансирање и буџет и Комисијата за транспорт, врски и екологија.

На дневен ред на седницата на Комисијата за финансирање и буџет се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи во прво читање, Предлог законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на данок на додадена вредност, данок од добивка, персонален данок на доход, придонеси за пензиско и инвалидско осигурување како и камати и споредни даночни давачки и обврски по основ на денарски кредити во траен влог во Јавно претпријатие за стопанисување со шуми „Македонски шуми“ П.О. Скопје во второ читање и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во второ читање.

Комисијата за транспорт, врски и екологија организира јавна расправа по Предлогот законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.