Откриен идентитетот на убиениот полицаец во Куманово

МВР излезе со детали за убиениот полицаец кој интервенираше при семејно насилтво во Куманово. Откриен е и неговиот идентитет и идентитетот на напаѓачот.

36-годишниот полициски службеник Г.С. од Куманово почина вчеравечер во болница од повреди кои ги доби од нож при интервенција за приведување на 33-годишниот Е.Б. од кумановската населба Средорек.

Имено, вчеравечер во 21.30 часот во СВР Куманово од страна на Итна медицинска помош било пријавено дека во во населбата Средорек, во куќата сопственост на М.Б., 33-годишниот ..Б. физички ги нападнал и повредил неговата мајка Р.Б. и неговата сестра кои биле пренесени на хируршкото одделение во болницата во Куманово. Веднаш потоа од полициската станица во болницата била упатена екипа за интервенција од двајца полициски службеници кои извршиле разговор со повредените. Од разговорот било констатирано дека се работи за лице со нарушено психичко здравје кое било многу агресивно. По насока на дежурниот во полициската станица екипата за интервенција се упатила да даде асистенција на Итната медицинска помош за обезбедување  на Е.Б. и спроведување во соодветна медицинска установа. Со оглед на тоа дека се работело за агресивно лице со нарушено психичко здравје на местото на настанот била испратена уште една група за интервенција од двајца полициски службеници. На местото на настанот полициските службеници ги пречекал таткото на Е.Б.  и им рекол дека е во куќата. Сите четворица полициски службеници се упатиле внатре, но поради тесниот пристап до влезот прв бил сега починатиот Г.С.  а по него останатите. Кога влегле внатре лицето E.Б. замавнало со стаклен предмет кон нив, но никого не повредил. Во тој момент Г.С  забележал дека лицето има нож и им рекол на колегите да се повлечат. На излегување Г.С им рекол на колегите дека најверојатно е повреден со нож и дека имал крв на грбот. Повредениот полициски службеник  со возило на итната медицинска помош веднаш бил префрлен во кумановската болница, каде како итен случај бил примен на хируршкото одделение каде започнала реанимација на градниот кош. Меѓутоа, по кратко време за жал им подлегнал на повредите.

 
 
31.07.2016 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега