Момчето од страшната сообраќајка кај Рампа и понатаму на апарати за дишење

Здравствената состојба на момчето кое доживеа страшна сообраќајка кај Рампа во скопска Кисела Вода и натаму е непроменета. 22-годишното момче од Сингелиќ и понатаму е во кома по страшниот судир со автомобил марка БМВ.

Како што објавува 24 вести, момчето и понатаму е на апарати за дишење и е во животна опасност. Од МВР за 24 вести денеска најавија дека во следните неколку дена сите потребни анализи ќе бидат комплетирани. 

Записниците од сообраќајната несреќа се комплетирани и веднаш ќе бидат испратени во Јавното обвинителство, но крим техничарите се уште  ги вештачат моторот и БМВ-то, велат извори од полицијата. На возилата им се врши вонреден технички преглед, а одделот за крим -техника  ги анализира примероците со крвта.

 
 
 
 
31.07.2016 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега