Трагедија во Македонија: Пронајдена жена во фаза на распаѓање

Во текот на вчерашниот ден во 16 часот во селото Барешани, битолско, пред куќата каде што живеела, била пронајдена почината 65-годишната М.К. чие тело било во фаза на распаѓање. Лекар од Итна медицинска помош од Битола констатирал дека смртта настапила пред неколку дена. Увид извршила екипа на СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција, која ќе ги даде одговорите за тоа како починала жената.

 
 
31.07.2016 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега