Се судрија мотор и автобус: Млад живот згасна во Прилеп

Околу 25 минути по полноќ на улицата „Иво Лола Рибар“ во Прилеп, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл управуван од 25-годишниот Д.Д. од Прилеп и автобус со прилепски регистарски ознаки, управуван од 31-годишниот А.Б. инаку сопственост на приватно претпријатие од Прилеп.

Според податоците од полицијата, во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот,  кој бил пренесен во Медицински центар Прилеп каде за жалим подлегнал на повредите.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полицијата.

 
 
31.07.2016 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега