Крадците не мируваат летово: Прилепчанец нивна нова мета

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 20 часот и 10 минути до 22 часот и 20  минути, улицата „Илија Компаниовски“ во Прилеп, засега непознат сторител извршил тешка кражба во куќата на Б.Ј.

Крадецот влегол насилно во куќата и одзел разновиден златен накит и пиштол калибар 7,65 мм.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на полицијата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 
 
31.07.2016 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега