Семејството на напаѓачот во солзи - полицаецот од Куманово починал од внатрешно крварење

Вистинска трагедија ја потресе Македонија кога вчера во Куманово беше убиен полицаец. Психички растроен маж го уби полицаецот во кумановската ромска населба Средорек. 33-годишниот Енвер Бајрамовски кој боледувал од шизофренија и се лекувал во болницата во Бардовци, синоќа со еден убод од нож го усмрти 33-годишниот полицаец Горан Станишевски. 

Кумановчанецот ги претепал мајка си и сестра си со кои живеел, а тие пријавиле во полиција. Веднаш биле хоспитализирани, а полицијата се упатила кон домот на насилникот. Кога стигнале пред куќата тој почнал да ги мава со стаклени предмети. Станишевски забележал дека насилникот има нож во рацете и побарал од колегите да се повлечат. На излегување од дворот почувствувал дека е повреден, бидејќи има крв на грбот и одеднаш паднал. Лекарите од Итна помош веднаш му пружиле прва помош и го однеле на хируршкото одделение во Кумановската болница, но тој им подлегнал на повредите, поради внатрешно крварење, пишува порталот Сакам да кажам.

Таткото на Енвер, Муарем, вели дека син му имал здравствени проблеми од својата 12 година. Постојано бил на лекување во Бардовци, а пред три недели бел пуштен дома. 

„И тој чувствуваше дека не е добар и ми рече да го водам на лекар. Но докторката таму го врати, ми вика здрав е, води го дома. Тој добиваше напади, викаше и не гледаше по кога мава. Ги претепа сестра му и мајка му. Полицијата не можеше ништо да направи и да го фати.Го најде малиот нож и го прободе„, раскажува и плаче Муарем, пишува порталот.

Станишевски бил храбар човек и врвен професионалец посветен на работата.

 

 
 
31.07.2016 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа