Убодот од нож бил фатален - убиецот на полицаецот пред 5 дена бил пуштен од Психијатрија

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово потврди дека кумановецот Енвер Бајрамовски кој уби полицаецбил пуштен од психијатриската болница дома на 25 јули.

„Станува збор за лице кое претходно повеќепати било хоспитализирано за психијатриско лекување. Последен пат од Психијатриската болница во Скопје бил пуштен дома на 25 јули 2016 година, на барање на неговиот татко“, стои во соопштението од обвинителството, пренесува Сакам да кажам.

33-годишниот Бајрамовски со еден убод од нож го усмрти полицаецот Горан Станишевски кој бил на должност и се обидувал да спречи семејно насилство. 

Овој настан ја потресе македонската јавноса.

 

 
 
01.08.2016 - 08:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега