Пожар донесе неподнослива смрдеа во Скопје

 

Непријатната миризба која ноќеска ја почувствуваа дел од скопјани, ја предизвика пожар кој избувна на дивата депонија Вардариште.

Според информациите од надлежните институции на Градот Скопје, вчера попладне интервенирале екипи на Противпожарната единица на Градот Скопје. Пожарот е изгаснат, но чад и миризба од Вардариште има и изутринава.

На терен се излезени инспектори на општина Гази Баба, на чија територија се наоѓа Вардариште.

најчитано сега