Се пролеа крв на кејот на Крива Река - кумановчанец заработи скршено шише во вратот и градите

Вчера попладне во 17:30 часот дошло до крвава расправија меѓу млад кратовчанец и кумановчанец, дознава Пресс24.

Според информациите до кои дојдовме, инцидентот се случил  покрај течението на Крива Река, кога расправијата меѓу Љ.П. (26) и  кумановчанецот Д.Ѓ. излегла од контрола. Кратовчанецот Љ.П. со скршено шише го нападнал Д.Ѓ., нанесувајќи му убодни рани во градниот кош и во пределот на вратот. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

најчитано сега