Медиумите и социјалните мрежи преплавени со коментари - за Франсоа Оланд сме „Маседони“

Во Франција не стивнуваат реакциите, откако претседателот Франсоа Оланд погрешно го изговори името на Македонија, пренесува Македонската информативна агенција.

Оланд на заедничката конференција за печатот со Борут Пахор во Брдо кај Крања, збоувајќи за неговата подговтеност да помогне во решавањето на проблемот со името, следејќи го преведувачот, наместо „Маседуан“, како што правилно треба да се изговори на француски јазик Македонија, рече „Маседони“.

„За поранешната југословенска република „Маседони“, потсетувам дека Франција е подготвена да бара решение преку квалитетот на односите кои ги имаме со Грција“ – рече Оланд без да ја исправи грешката.

Во бројните реакции на печатот по овај претседателски лапсус најчесто читаме: „Франсоа Оланд измисли нова земја - Маседони“.

Француските медиуми се запрашуваат дали Оланд ја познава герографијата, бидејќи ова е негов трет дипломатски лапсус за само два месеци.

Претходно во Јапонија во присуство на јапонскиот премиер Шинзо Абе, Оланд го помеша јапонскиот народ со кинескиот, каде беше исправен од преведувачката, додека на конференцијата со новинарите во Тунис, Холанд го помеша Тунис со Египет.

Француските медиуми и интернет форумите се преплавени со коментари за лапсузот на Оланд со името на Македонија.

најчитано сега