Мртов кумановчанец пронајден кај Табановце

Вчера, на патот Куманово- Карабичане, близу селото Табановце, било пронајдено безживотното тело на 76-годишниот кумановчанец Ѓорѓија Недељковиќ.

Откако случаен минувач пријавил дека го пронашол безживотното тело на кумановчанецот, полициски екипи излегле на терен и констатирале дека станува збор за несреќен случај. На телото на Неделковиќ не биле пронајдени траги на насилство, а не бил оштетен ни велосипедот кој му припаѓал на старецот.

најчитано сега