Извршниот директор на ФИБА Европа во посета на Скопје

Извршниот директор на ФИБА Европа, Камил Новак денеска ќе ја посети Македонија, односно главниот град Скопје.

Како што информираат од Македонската кошаркарска федерација (МКФ), Новак во Скопје треба да пристигне околу пладне, а за време на краткиот престој, покрај средба со раководството на МКФ, претседателот Петар Наумоски и генералниот секретар Моника Гаврилоска, тој ќе ги посети учениците на Европското Првенство за кошаркари до 18 години (Б дивизија) што се одржува во нашиот главен град

Инаку, Извршниот директор на ФИБА Европа првично требаше да го допатува во Скопје на 4 август, но поради средба со  водечките луѓе од Евролигата во тој термин, неговата посета е поместена за денеска (2 август).

 

 
 
02.08.2016 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега