Во Штип се одбележа празникот Илинден

По повод празникот Илинден денеска во алејата на Народните хероии и на спомен плочите во селата Долани и Драгоево од страна на градоначалникот Илчо Захариев, пратениците во Собранието на Република Македонија Никола Мицевски и Трајче Димков и делегации на Сојузот на борците и институциите беа положени букети цвеќе.

Градоначалникот Захариев истакна дека денеска се слават два Илиндена, едниот е 1903, а вториот е 1944 година.

- 1903 година е возвишен чин, за жал тоа е трагичен настан од нашата историја, бидејќи тоа востание не успеа. Денешните генерации мораме да учиме и да се навраќаме во историјата и да се восхитуваме на храброста, на одлучноста и на посветеноста на нашиот народ, кој веќно тежнеел да има сопствена држава, вели Захариев.

Тој истакна дека сега како Македонци не смееме да дозволиме други да ни ја пишуваат историјата, акако што рече ние не смееме да дозволиме во овој случај  само да се потпишуваме.

Пратеникот Мицевски им го честиташе празникот Илинден на сите граѓани, а истакна дека денеска се одбележуваат 113 години Илинденско востание и 72  години од АСНОМ.

 
 
02.08.2016 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега